МК Сцена
Лауреатот на СВП, кинескиот поет Беи Дао пристигна во Струга
Добитникот на „Златниот венец“ на 54. Струшки вечери на поезијата кинескиот поет Беи Дао претпладнево пристигна во Струга.
Дао, кој во 2003 година беше учесник на Фестивалот, изрази задоволство што годинава учествува како лауреат на највисокото фестивалско признание, но и што ќе има повторно можност да се сретне со големи поетски имиња од светот.
– Дефинитивно наградата е многу важна за мене, но многу поважен е поетскиот фестивал кој продолжува да влијае и да ги оформува луѓето. Ова е еден од најстарите поестки фестивали во светот, изјави Дао по пристигнувањето во Струга, изненаден дека, како што рече, толку мала држава може да има толку големо и длабоко влијани во светската поезија.




