Сцена
Македонската филхармонија со нов имиџ и програмска концепција ќе ја започне концертната сезона
Македонската филхармонија денеска во малата сала одржа прес-конференција на која беа соопштени сите детали за отворањето на новата концертна сезона, за целокупната програмска концепција, за новиот имиџ на институцијата, за техничките капацитети.
На пресот присуствуваше новиот директор на Македонската филхармонија, Виктор Илиески, кој истакна дека за него е чест што пресот е одржан во малата концертна сала, една мала убавица, како што рече, и дека новинарите се први кои ја имаа можноста да ја видат.
– „Задоволство ми е што ја имам честа да ја водам оваа институција, која по 74 години конечно го доби своето заслужено место. Сега ги имаме сите предуслови да го креираме се она што сме го замислиле. Имаме нова продукција, ново студио опремено со сите потенцијали како што и долкува на една сериозна институција“, истакна Илиески.




