МК Сцена
Слушнете ја „Штом сакаш“ на Каролина во изведба на Тоше Проески (ВИДЕО)
На 16 октомври, на десетгодишнината од смртта на Тоше Проески неговата менаџерка Лилјана Петровиќ сподели песна која досега не беше пуштена во јавноста.
Станува збор за песната „Кад волиш“ која всушност е преработка на песната „Штом сакаш“, која пред многу години ја испеа Каролина Гочева.
Музиката, аранжманот и продукцијата се на Мирко Вукомановиќ, а текстот е на Снежана Вукомановиќ.




