Сцена
Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска со голем успех на светските филмски фестивали
Краткометражниот филм на режисерката Александра Кардалевска со наслов Сценариото (The Script), доживува голем успех на светската филмска сцена, освојувајќи бројни награди и селекции на реномирани фестивали ширум светот. Ова достигнување ја претставува македонската кинематографија на глобално ниво, истовремено носејќи уникатна и моќна приказна до интернационалната публика.
По успешната светска премиера на престижниот 45-ти Московски филмски фестивал и меѓународната премиера на 29-тиот Фестивал на фантастични филмови во Билбао, филмот имаше можност да се прикаже на бројни значајни филмски настани како што е „FilmQuest“- еден од водечките жанровски фестивали во светот што се одржува во Јута, САД, потоа Фестивалот Cinefantasy во Сао Паоло, Бразил, како и низа други меѓународни фестивали.





