Сцена
Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“
Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“ по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков.
Режисер на филмот е Бојан Василев. Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, како и Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашо Василев, шминка Александар Билјановски-Дадар. Остатокот од екипата го сочинуваа Калин Крајчевски, Петар Пројкоски, Стефанија Василева и Матеа Мисајловска.
Снимањето се одвиваше на локации во Скопје и околината. Продуценти на „За Ева“ се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција“.




