Сцена
Меган Маркл во креација на Тони Матичевски на насловната на „Ел“
Дали ќе се зачудите ако ви кажеме дека Меган Маркл носи облека од македонски креатор?
Секако, и ние би се зачудиле, но тоа е вистина – идната војвотка за потребите на насловната страна на декемвриското издание на францускиот „Ел“ носела креација на познатиот австралиски дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски. Според информациите пренесени во дел од медумите, се работи за бело здолниште од колекцијата пролет 2016 година.





