Музика
Почина француската рок ѕвезда Џони Холидеј
Една од најголемите француски рок ѕвезди Џони Холидеј, почина минатата ноќ на 74-годишна возраст, по долга борба со рак на белите дробови.
Веста за смртта на пејачот утрово ја соопшти негова сопруга, но и Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
– Џони Холидеј си замина. Го пишувам ова, а не можам да поверувам. Но, вистина е. Мојот сопруг повеќе не е меѓу нас. Ноќва не напушти како што живееше – смело и достојно, изјави неговата сопруга Летисија.




