Сцена
МЕТЈУ МЕКОНАХИ: Време е да се прифати Доналд Трамп
Холивудскиот актер и Оскаровец Метју Меконахи смета дека граѓаните на САД треба да го „прифатат претседателот Доналд Трамп“.
Својот став го претстави во текот на интервјуто за Би-Би-Си по повод промоцијата на својот нов филм „Gold“. Новинарот Андреј Мар констатираше дека многу холивудски актери не го сакаат Трамп прашувајќи ја ѕвездата од „Интерстелар“ дали е време да му се даде шанса на Трамп.
– Па, сега повеќе немаат избор, затоа што тој е наш претседател. Мислам дека е време да го прифатиме, да се „поздравиме“ со тој факт за да бидеме конструктивни во текот на наредните четири години. Без оглед на тоа колку луѓе со него се согласуваат, тој ќе биде наш претседател најмалку четири години, рече Метју Меконахи.




