Музика
„Дипеш мод“ објави нова песна по четири години (видео)
Култниот британски состав „Дипеш мод“ денеска ја промовираше песната „Where’s The Revolution“, како пилот нумера на нивниот 14-ти студиски албум „Spirit“, кој ќе биде официјално објавен на 17 март.
„Where’s The Revolution“ е прва нова нумера на „Дипеш Мод“ по четири години.
– Безусловно сме горди на звукот и енергијата на албумот „Spirit“ и возбудени што ќе се вратиме на турнеја за да можеме албумот да го споделиме со обожавателите во целиот свет, истакна фронтменот на бендот Дејвид Ган.



