Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дарио Панковски добитник на „Златна Бубамара“ за трајни музички вредности

МК Сцена

Дарио Панковски добитник на „Златна Бубамара“ за трајни музички вредности

Еден од најпознатите македонски поп пејачи, Дарио Панковски, ќе биде награден за својот исклучителен придонес кон македонската музика на престижната манифестација „Златна Бубамара на популарноста“. Ова признание доаѓа во чест на неговата 40-годишна музичка кариера, исполнета со хитови што ја одбележаа домашната сцена.

На 28. издание на „Златна Бубамара“, кое ќе се одржи на 19 февруари во Арената „Борис Трајковски“, публиката ќе има можност да ужива во специјален настап на Дарио, кој ќе биде збогатен со кореографија од „Dancers United“ и придружен од големиот оркестар на манифестацијата.

Со песни како „Меѓу сите ѕвезди“, „Жена за сто години“, „Зајди јасно сонце“ и „Дупла вотка“, Дарио Панковски остави неизбришлив музички печат, а ова признание е само уште една потврда за неговото значење во македонската музичка историја.

Маркетинг

Годинешниот слоган на манифестацијата е: „Вештачка интелигенција за владата – природна забава за народот“. Билетите се веќе достапни на MK Tickets и во продажните места.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.