МК Сцена
ЉУБОВ ВО ВОЗДУХОТ! Македонската филхармонија со спектакуларен концерт за Денот на вљубените
Македонската филхармонија овој четврток, со почеток во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот љубовен концерт под наслов „Некој ме гледа романтично“. Публиката ќе има можност да ужива во избор од романтични и емотивни композиции на светски реномирани автори.
На програмата ќе бидат изведени „Балет за Марта“ од балетот „Пролет на Апалачите“ на Арон Копланд, Три танцови епизоди од „Од градот“ на Леонард Бернштајн, како и арии од операта „Порги и Бес“ на Џорџ Гершвин.
Со оркестарот ќе диригира маестро Јерухам Шаровски од Израел, долгогодишен уметнички директор на повеќе светски симфониски оркестри. Како солисти ќе настапат сопранистката Бети Гарсес од Колумбија и бас-баритонот Кевин Шорт од САД. Настапот ќе го збогати и хорот „Про Арс“, подготвен од маестро Сашо Татарчевски.




