МК Сцена
Големата ѕвезда на операта, Пласидо Доминго, подготвен за концертот во Скопје (ФОТО)
Легендарниот шпански тенор Пласидо Доминго конечно пристигна во Скопје, подготвен да го одржи својот прв концерт во Македонија. Настанот, кој ќе се одржи на 14 март во арената „Борис Трајковски“, предизвика огромен интерес кај љубителите на класичната музика.
Без минута одмор, Доминго директно од аеродромот се упати во Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот ја одржа првата проба. Според организаторите од продукцијата „Прагма“, која го реализира концертот во соработка со Операта, тоа е доказ за неговата посветеност и страст кон музиката.
На сцената со големите ѕвезди на оперската сцена
На концертот, освен Доминго, ќе настапи и реномираната италијанска сопранистка Марија Хозе Сири, додека зад диригентскиот пулт ќе застане Жорди Бернасер од Шпанија.



