Музика
Пред концертот во Скопје, Лозано изненади со нова балада – слушнете ја „Среќен пат“ (ВИДЕО)
Само неколку дена пред големиот концерт во Скопје, македонскиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано ја објави својата најнова песна со наслов „Среќен пат“.
Новата нумера е емотивна балада, препознатлива по силната интерпретација и вокална експресија што со години го издвојуваат Лозано на домашната сцена. Песната носи интимна приказна за разделба и надеж, а зад неа стои внимателно избран авторски тим. Текстот го напиша Луна Ристиќ, музиката е дело на Гоце Симоноски, додека аранжманот го изработи Лазар Цветкоски.




