ХИТ ВО НАЈАВА: „Ваков таков“ на ДНК ќе ве освои во првото слушање (ВИДЕО)
„Ваков таков“ е најновото музичко парче кое излегува од работилницата на ДНК. Темата е всушност соработка на Панчо и Андреј со Young Dadi, трап артист чие време допрва доаѓа.
Текстот на песната е со потписот на Панчо и Young Dadi, додека музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Борис Какуринов од Дупер. Зад аранжманот стои Лазар Цветкоски со мала помош од Борис, во чие LCV студио и е продуцирана и снимена. „Ваков таков“ е мастеризирана во Лондон од страна на Streaky. Веќе стандардно песната е пуштена во исто време и со спот, снимен од Пако, а спакуван од Ѓуле.





