МК Сцена
ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ФАНОВИТЕ: Објавен трејлерот за втората сезона на „Фамилијата Марковски“
Првите две епизоди од втората сезона од ТВ-серијата „Фамилијата Марковски“ на 22 август (четврток) премиерно ќе бидат прикажани на годинешното, јубилејно издание на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај македонскиот ТВ проект, дел од програмата Avant Premiere Gala се уште четири балкански серии од висока продукција.
Првата сезона, македонската серија ја имаше во 2017 и наиде на позитивни критики и популарност кај публиката. Слична историја има и српската историска драма „Сенки над балканот“ на Драган Бјелогрлиќ која исто така ќе доживее премиера на својата втора сезона токму на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај овие две, ќе бидат прикажани и епизоди од српските серии „Беса“ и „Групата“ како и словенечката „Езерото“.





