Лауреатот на Златна камера 300 за животно дело, Едвард Лакман пристигна во Македонија
Со големо задоволство ве известуваме дека еден ден пред почетокот на 40-тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, во Северна Македонија пристигна Едвард Лакман, годинашнит лауреат на Златна камера 300 за животно дело.
Тој на скопскиот аеродром пристигна утринава. Задоволен е што утревечер ќе му биде врачена наградата на фестивалот што ја слави работата на кинематограферите. Тој е љубопитен да ја запознае земјата во која доаѓа, поставува многу прашања за Македонија, го интересира политиката и животот на луѓето. Исто така е заинтересиран за историјата на фестивалот „Браќа Манаки“ и е среќен, како што рече, што е поканет оваа година кога се слави јубилејот.
Лакман е со децении во врвот на американските и светските кинематографери, со неколку филмови оскаровски кандидати, со 2 номинации за Оскар.




