Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонски лик ќе се појави во најновата епизода на „The Simpsons“

МК Сцена

Македонски лик ќе се појави во најновата епизода на „The Simpsons“

Вечерва на американската телевизија FOX премиерно ќе се емитува најновата епизода на култната анимирана серија „The Simpsons“, во која за првпат ќе се појави лик инспириран од Македонија.

Како што сподели охриѓанката Невена Нешкоска, таа заедно со својот брат Наум и сестра Калина – со кои го води детскиот едукативен канал „Дарко Биберко“ – се вклучени во создавањето на оваа специјална епизода насловена „Abe League of Their Moe“.

„Креаторите на ‘The Simpsons’ решија да воведат нов лик — спортист, бејзбол играч, кој пристигнува во Спрингфилд како голема сензација од Македонија,“ изјави Невена. „Нашето учество вклучуваше преведување на делови од епизодата, консултантска работа од моја страна, како и снимање на песна која ја адаптиравме од англиски на македонски јазик.“

Маркетинг

Премиерата е закажана за недела, 27 април, во 20:00 часот по источен американски стандард (EST), односно во понеделник во 02:00 часот по македонско време.

Покрај спортските теми, епизодата допира прашања за пријателството, тимската игра и ферплејот, теми кои „The Simpsons“ на својот препознатлив начин ги истражува преку хумор и сатира.

Ова е првпат македонски елементи – лик, јазик и музика – да бидат интегрирани во светски позната анимирана серија како „The Simpsons“, што претставува големо признание за македонската култура и креативност на меѓународната сцена.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.