Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Емотивно и моќно: „Време за плачење“ во изведба на Тамара и Роберт Билбилов (ВИДЕО)

МК Сцена

Емотивно и моќно: „Време за плачење“ во изведба на Тамара и Роберт Билбилов (ВИДЕО)

Македонската пејачка Тамара Тодевска ја оживеа емотивната  „Време за плачење“ со нова, силно изразена музичка интерпретација која допира до најдлабоките емоции на слушателот.

Преку оваа современа преработка, Тодевска ѝ дава нов живот на песната што првично ја изведе Игор Џамбазов во 1992 година на „Макфест“, во нејзината препознатлива латино форма. Во најновото издание, темата добива сосема нов музички пристап – интимна анплагд баладa, базирана на клавир и глас, каде сè е подредено на чувството и тишината што зборува.

Аранжманот и продукцијата се дело на Роберт Билбилов, долгогодишен соработник на Тодевска, кој со префинето чувство успева да ја задржи суштината на оригиналот, но истовремено внесува ново, современо звучно руво. Песната, како што самата уметница истакнува, носи силна порака која одекнува безвременски: љубов, загуба, тага и исцелување.

Маркетинг

– „Преку оваа песна им оддаваме почит на емоциите што ги носиме длабоко во себе, без оглед на времето што минува“, изјави Тодевска.

Музиката и текстот на оригиналната верзија се потпишани од композиторот Томислав Которчевиќ, додека новата верзија е објавена преку реномираната меѓународна издавачка куќа Cafe De Anatolia, овозможувајќи и на песната да најде нова публика и надвор од регионалните граници.

Покрај аудио-записот, проектот е заокружен и со визуелна компонента: минималистичко, црно-бело видео во режија на Зоран „Зонде“ Стојановски и внимателно дизајниран cover art од Љубан Стамениќ, кои дополнително ја засилуваат естетиката и емоционалниот набој на изведбата.

„Време за плачење“ е достапна на сите дигитални музички платформи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.