Моделот Кристина Поп и тиктокерот Душан со нов хит (ВИДЕО)
Совршен спој на талент и нова енергија изразени преку најновиот проект на пејачката Кристина Поп и тик токерот Душан Пауновски е она што ќе го забележите уште при првото слушање на нумерата со наслов “Беби”.
Кристина зад себе веќе има една песна под наслов “Никад доста”, а покрај талентот за музика и препознатливиот вокал, на јавноста и е позната и по своите многубројни успеси на изборите за убавина ширум светот.
Најпознатиот македонски тиктокер Душан Пауновски, познат кај помладите како whoisdushan исто така веќе има една песна насловена како “Нема дилема”.




