МК Сцена
НЕВЕСТИНСКА МОДА ВО МЕРИОТ: Идните невести одбираа совршен фустан (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Петтата модна ноќ на невестите под мотото „ REAL VENUE FOR REAL BRIDES“ , вчеравечер ја отвори ревијата на салонот за венчаници „Зиане“ со креација која ја носеше познатата тв водителка Милена Антовска во „Скопје Мериот хотел“.
„Инспирацијата за колекцијата ја добив замислувајќи ги идните невести како од спортската дневна линија на облекување се трансформираат во гламурозен изглед за специјалниот најубав ден во животот“, објаснува дизајнерката Зиане Бакиу.
Веднаш потоа Наташа Карчева од ателјето „Ал Апарел“ ги прикажа креациите од „Timeless beauty“ за кои вели „акцентот е ставен на женската силуета која суптилно се назира во прозрачните материјали: француската свила, најмекиот тул, богато везени тантели и цврсти брокати надополнети со многу рачно изработени детали. Цветните принтови и 3Д форми повторно ги надополнуваат лелеавите здолништа.“









