МК Сцена
Шоуто „Ѓурологија“ доаѓа во Скопје
Авалон Продукција го најави вториот проект од областа на entertaiment-от- авторскиот хит „Ѓурологија“ на легендарниот босански актер Бранко Ѓуриќ – Ѓуро, која во моментов е најгледана претстава на подрачјето на поранешна Југославија!
Популарниот и наградуван сараевски актер, режисер, хуморист, „надреалиста“- со еден збор, човекот институција Бранко Ѓуриќ- Ѓуро, доаѓа во Скопје да ја разбие целата монотонија, и тоа со две ексклузивни шоуа, на 05 и 06 јуни во, за оваа пригода, навистина феноменалниот простор на Македонската Опера и Балет.
Се работи за навистина ексклузивни шоуа со мал капацитет, доколку се земе во предвид дека Ѓуро во последниве неколку години, буквално полни и спортски арени како на Балканот, така и во Америка и Канада.




