МК Сцена
Песна со многу љубов и емоции – Мими Јовановска сними спорт за „Приказна за нас“
Среќа е за мене да те имам и бескрајно сакам, вели Мими Јовановска во најновата песна „Приказна за нас“, за кој вчера беше промовиран спотот.
Партнер на Мими, не само во приватниот живот, туку и во песната е Филип Нуне, кој ја направи музиката, текстот и аранжманот, додека спотот го направи Даниел Јовески. Снимен е на неколку локации во Скопје, но во него се користени и делови од нивната свадба.
Оваа песна е дел од животот на Мими и Филип, се родила со нивна заедничка мисла и љубов, а беше отпеана на нивната свадба, пред три месеци, кога прв пат ја отпеа Мими. Љубовта што ја носат во себе ја преточија во песна, во која ќе се пронајдат сите заљубени. Приказна која е вистинска, инспирирана од нивната љубов и од убавите моменти кои тие ги доживувале.





