Почина маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор
Маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор почина денеска во Скопје, на 85-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја потврди неговиот син, актерот Игор Џамбазов.
-Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој… – се вели во објавата на Инстаграм профилот на Игор Џамбазов.




