Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Поради пандемијата со Ковид-19 :„Охрид-фест 2020“ во знак на Фолк вечер

МК Сцена

Поради пандемијата со Ковид-19 :„Охрид-фест 2020“ во знак на Фолк вечер

Музичкиот летен фестивал, „Охрид- фест 2020“, годинава ќе ја одржи традицијата и контунтинуитет долг 27 години без Интернационална вечер, на 11 септември, со одржување на Фолк вечер.

Причината е позната: општата неизвесност предизвикана со пандемијата на Ковид 19, а идеен творец на фестивалот, композиторот Глигор Копров вели дека се ќе се надомести следната година.

„За жал состојбата со Корона вирусот ни ги смени плановите и заложбите, но така е и кај нас и во целиот свет, вели Копров.

„До последен момент преговарав со странските учесници и телевизии, и дефинитино Интернационалната вечер ја одложуваме за 2021 година. Неизвесноста со пандемијата во нашата земја, карантин од две недели, што ги чека учесниците по враќањето во нивната земја, ме предизвика годинешното издание да биде во знак Фолк вечерта.  Инаку, од Хрватска ги очекував Жак Хоудек, Индира Левак (екс „Колонија“), Ненад Нинчевиќ од бендот „Тути фрути“, потоа имавме учесници од Грција, Албанија, Бугарија, Словенија, Србија, од каде по првпат да требаше да снима „БК Телевизија“, а ќе беа вклучени и камерите на Националниот канал од Словенија. Сепак, не очекува прекрасна Фолк вечер, на најубавата сцена на Балканот, на локацијата на Долни Сарај.“

На 11 септември, „Охрид- фест“ ќе биде одржан во согласност со здравствените препораки и одобрените протоколи за ваков тип на настани, во време на Ковид 19- заштитни маски, дезинфекција на локалитетот… Исто така, поради одржувањето на физичката дистанца, капацитетот на публиката ќе биде намален за 50%.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.