Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Распишан конкурс за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

МК Сцена

Распишан конкурс за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Друштвото на филмските работници на Македонија објави конкурс за избор на нов директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, еден од најзначајните филмски настани во регионот.

Според условите наведени во конкурсот, кандидат за директор може да биде секој редовен член на Друштвото на филмските работници на Македонија, како и докажан и афирмиран професионалец од областа на уметноста, културата или друга јавна сфера.

Меѓу критериумите што кандидатите треба да ги исполнат се: високо образование, менаџерски и лидерски способности, комуникациски и организациски вештини за тимска работа, како и искуство во следење на светската филмска продукција и фестивали од висока категорија. Еден од условите е и одлично познавање на англискиот јазик.

Маркетинг

Новиот директор ќе биде избран на мандат од две години, со можност за повторен избор.

Заинтересираните кандидати треба да достават биографија, докази за исполнување на критериумите и детална програма за работата на фестивалот. Документите се поднесуваат најдоцна до 6 март 2025 година, на електронската адреса [email protected] или лично во седиштето на Друштвото на филмските работници, на улица 8-ми Март бр. 4 во Скопје.

Изборот на новиот директор ќе се изврши на наредното изборно Собрание на Друштвото.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.