Четири милиони луѓе од целиот свет го започнаа одбележувањето на 20 роденден на ЕГЗИТ фестивал!
Во годината во која светската музичка индустрија е фрлена на колена, кога повеќето фестивали во светот или се одложени или се одржаа само онлајн, ЕГЗИТ Фестивалот успеа да го реализира „Лајф Стрим“ (Life Stream), глобалниот проект кој по многу нешта ќе ја означи фестивалската 2020.
Наместо виртуелниот свет, на фановите им беше понудено чистокрвно искуство во живо, додека снимките од настапите потоа беа претставени во осумдневниот стриминг-фестивал, пред публиката ширум светот. „Лајф Стрим“ на овој начин на Петроварадинската тврдина „доведе“ дури четири милиони фанови од сите краишта на планетата, додека до крајот на годинава се очекува оваа бројка да надмине и цели 10 милиони!
Со ова започна одбележувањето на 20-тиот роденден на ЕГЗИТ (EXIT), кое својот зенит ќе го доживее од 8 до 11 јули 2021 година кога нѐ очекува Фестивалот во познатиот полн формат на кој ќе настапат некои од водечките светски ѕвезди, како што се Тајга, Дејвид Гета, Диџеј Снејк, Ерик Приц, Борис Брејча и многу други.





