Музика
Метал сензација од Ниш ќе ја преставува Србија на Евровизија 2026 во Виена
Метал составот Лавина триумфираше на националниот избор во Белград и ќе ја претставува Србија на Евровизија 2026. Бендот настапи со песната „Крај мене“, со која ја освои публиката и жирито и обезбеди билет за големата европска сцена.
Српските претставници ќе се појават во првото полуфинале што ќе се одржи на 12 мај во Виена, каде ќе се натпреваруваат со уште неколку европски фаворити.
Кои се „Лавина“?
Формирани во 2020 година во Ниш, „Лавина“ важат за еден од најперспективните прогресив-метал бендови во регионот. Нивниот деби-албум „Одисеја“, објавен во 2022 година, брзо привлече внимание меѓу љубителите на потврдиот звук.
Во изминатите години настапувале на бројни фестивали, меѓу кои и Арсенал Фест во Крагуевац, како и на сцени во Будимпешта, Прага, Братислава, Загреб, Солун и Софија. Со енергични настапи и препознатлив сценски израз, шестчлениот состав успеа за кратко време да изгради публика и надвор од Србија.
Со изборот на метал бенд за претставник, Србија годинава прави храбар исчекор кон поинаков евровизиски звук, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу нивниот настап.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.



