Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Трага во бескрајот“: Спектакуларен концерт за сеќавање на легендарниот Оливер

Музика

„Трага во бескрајот“: Спектакуларен концерт за сеќавање на легендарниот Оливер

На годишнината од смртта на музичката легенда Оливер Драгојевиќ, родното место Вела Лука стана центар на музички и емотивен собир. Под насловот „Трага во бескрајот“, концертот во негова чест обедини илјадници обожаватели, членови на семејството и реномирани музичари од регионот.

Настанот започна со моќна изведба на „Не дирај моју љубав“, што ја исполнија Теди Спалато, Едо Бралиќ и Клапа Шуфит, а потоа следеше емоционалната „Траг у бескрајност“ во изведба на Петар Драгојевиќ – внук на Оливер.

На сцената се појавија голем број познати имиња како Нина Бадриќ, Марко Тоља, Теди Спалато, Ришпет, Влатко Стефановски, Дино Јелушиќ, Антонио Серано, како и Клапа Каше и други локални уметници кои му оддадоа почит преку изведби на неговите најголеми хитови. По концертот што беше пренесуван и на телевизија, забавата продолжи со настапи на Бруна Оберан, Ива Ајдуковиќ, Стјепан Лач и Марио Павлиќ.

Маркетинг

Семејна почит и духовен момент

Во рамките на одбележувањето, беше одржана и свечена миса, на која присуствуваа најблиските членови од семејството на Оливер – вдовицата Весна, синовите Дамир, Давор и Дино, како и нивните семејства. Меѓу нив беше и Петар Драгојевиќ, внукот на пејачот.

По мисата, следуваше интимна музичка програма во која се истакна Клапа Каше со песната „Дисперадун“, а делото „Ноктурно“ беше маестрално изведено од Анте Гело и виртуозот на усна хармоника Антонио Серано.

Со ова, Вела Лука уште еднаш потврди дека сеќавањето на Оливер Драгојевиќ останува живо и силно – не само како дел од културното наследство, туку и како дел од колективната емоција на сите кои пораснале со неговата музика.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.