Настани
Најбараните претставници на транс музиката годинава на Егзит
За своето трето и досега најатрактивно издание по повод 15. роденден на Егзит, „Гаја експеримент“ (Gaia eXperiment) бината на Петроварадинска тврдина ќе доведе некои од најбараните претставници на транс музиката!
Од 9. до 12. јули љубителите на псај и прогресив транс звукот, ги очекува лондонската ѕвезда Авалон (Avalon) и холандскиот продуцент Лифтшифт (Liftshift), како и домашните Заис (Zyce), Е-клип (E-Clip), Мидл Моуд (Middle Mode), Имагинариум (Imaginarium), Пион (Pion), Архетип (Arhetip). По повод јубилеjот на Егзит, програмата е збогатена со форест жанрот, кој ќе го презентираат гостите од Германија преку два проекти: Ноктилус (Noctilus) и Нокти Лука (Nocti Luka), додека фамозниот гоа стил доаѓа со српската стара школа Сармати (Sarmati).
За самиот крај на секоја вечер, како што и доликува ќе уживаме во даунтемпо (downtempo) настапите на изведувачите, како што се Магнетик (Magnetic) и Далтон (Dalton), како и со домашната диџеј поддршка составена од водечките српски организации. Бината и озвучувањето ги обезбедуваат ММ Акустикс (MM Acoustics) и Аудиолаб (Audiolab), кои својот квалитет го потврдуваат од година во година. „Гаја експеримент“ Транс бината повторно ќе содржи посебни декорации, а нивната тема годинава ќе остане посебно изненадување.




