Настани
Вечерва започнува 10. јубилејно издание на „Баскерфест“
Јубилејното 10. издание на Меѓународниот и мултикултурен фестивал „Баскерфест“ почнува денеска на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје.
Жонглери, брејкденсери, куклен театар, одење по жица и перформанси со оган се само дел од програмата на годинашниот театар на отворено. Најавено е учество на на околу 100 баскер-изведувачи од Чиле, САД, Куба, Албанија, Србија, односно изведувачи од 23 држави кои ќе ги изведуваат своите точки. Во вечерните часови планирани се настапи на повеќе музички групи од странство и од Македонија.





