МК Сцена
НОКАУТ со нова песна и нов спот: Погледнете ја преработката на познатиот хит „Penso Positivo”
Иако најавија дека ќе го пуштат синглот “Moli Miracle”, сепак НОКАУТ решија да излезат со друга, позитивна и летна песна.
Станува збор за cover верзијата на познатиот хит на италијанскиот музичар Џованоти, “Penso Positivo” снимен пред повеќе од 20 години. Бендот смета дека таа енергија, вајбот кој го има во песната и пораката која ја испраќа одлично го презентира сензибилитетот на новиот албум.
Овој пат, освен песна НОКАУТ промовираат и спот, снимен во продукција на Emotion, а во режија на Јован Кучиновски.




