МК Сцена
НАЈГОЛЕМО ИЗДАНИЕ ДОСЕГА: Сѐ е подготвено за Д Фестивал во Дојран!
Во петок (14-ти јули) официјално почнува седмото издание на Д ФЕСТИВАЛ – единствената фестивалска авантура во Македонија која годинава чекори кон своето најголемо и најмасовно издание досега!
Потврдата за ова стигнува на неколку дена пред одржувањето на Фестивалот со најголемиот интерес досега кој резултираше со рекордната претпродажба од постоењето на Фестивалот и со веќе целосно распродаден и исполнет капацитет на фестивалкиот камп, дури и по неговото дополнително проширување од првично предвидениот капацитет!
Маратонската тридневна музичка програма, атрактивните имиња на стотиците учесници, реакциите и интересот на публиката, огромниот број на специјални гости во дополнителната програма се само дел од фактите кои говорат дека пред нас е највозбудливото издание досега и дека за време на Д ФЕСТИВАЛ од 14-ти до 16-ти јули, Дојран ќе биде најпосакувана дестинација во Македонија.




