МК Сцена
На велешката Питијада изедени околу 22 илјади пити
На 37-те штандови на Питијадата во Велес за два дена потрошени се 21.782 пити и испиени се 4.573 литри вино, информира денеска градоначалникот Славчо Чадиев.
Дванаесеттата велешка Питијада, според Чадиев, ќе биде продолжена и утре поради дождот што ја зафати земјава викендов. Според него, ќе трае до 19 часот, за потоа да се ослободи главната улица на која се поставени штандовите.
Настапот на велешките групи и на пеачите Орхидеја Дуковска и Мики Секуловски е одложен за утре, бидејќи поради обилните врнежи од дожд синоќа не можеа да ги забавуваат присутните.




