Сцена
Награда за Вардан Тозија за најдобра режија на филмскиот фестивал во Бразил
Македонскиот режисер Вардан Тозија ја освои главната награда за Најдобра режија во интернационална конкуренција на најголемиот жанровски филмски фестивал во Јужна Америка, Fantaspoa.
Fantaspoa, чие јубилејно 20-то издание се одржа во Порто Алегре, Бразил, е единствениот фестивал од Јужна Америка што е дел од престижната Мелиес – Европска Филмска Федерација на фантастични филмови, организација која ги обединува најзначајните 22 жанровски филмски фестивали во светот.
Силвија Каминер, членка на интернационалното жири на Фантаспоа, го опиша филмот „М“ како “прекрасна и прогонувачка приказна. Тозија внесува нов живот во зомби жанрот, преку чудесен визуелен израз и исклучителна актерска изведба на двете мали ѕвезди“.





