Сцена
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
Вечерва започнува 68-то издание на Изборот за песна на Евровизија!
Вечерашното полуфинале ќе го отвори натпреварот во кој ќе учествуваат 37 земји од Европа и Австралија. Скандинавската земја ја има честа да биде домаќин на натпреварот по трет пат во 11 години по иконската победа на Лорин во Ливерпул во мај 2023 година со нејзината песна „Tattoo“. Ова е трет пат евровизискиот циркус да запира во Малме.
