Сцена
Познати уште 10 финалисти на Евровизија, објавен распоредот на настапите во финалето
Заврши втората полуфинална вечер на 68. издание на Изборот за песна на Евровизија.
Позната е комплетната листа на финалисти за „Евровизија 2024“ која годинава се одржува во Малме.
Пред публиката се претставија натпреварувачи од следните земји: Малта, Албанија, Грција, Швајцарија, Чешка, Австрија, Данска, Ерменија, Латвија, Сан Марино, Грузија, Белгија, Естонија, Израел, Норвешка, Холандија и од нив беа избрани уште 10 други финалисти.






