На 25 октомври премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ
Младинскиот културен центар ја продолжува сезоната на есенски настани на 25 октомври, со изведба на претставата „Парадоксот на Диоген“, во режија на младите Јована Зајкова и Бобан Русески.
Претставата ќе биде придружена со танцувачка кореографија на креативниот колектив „X Squared“, како и претставници на Скопскиот танцов театар и училишниот центар „Илија Николовски – Луј“.
Премиерното издание на претставата „Парадоксот на Диоген“ во Скопје е закажано за 25 октомври во 20:00 часот, во просториите на „Кино Фросина“ во МКЦ.




