Актуелно
МКЦ е добитник на наградата “13 Ноември” на Град Скопје
ЈУ Младински културен центар е добитник на наградата “13 Ноември” на Град Скопје за особени достигнувања во културата, во линија и на својот овогодишен, 50. јубилеј од постоењето.
Со тоа, ЈУ Младински културен центар како институција која со својата посветена работа, ентузијазам, напредно програмско делување и неуморност успева да биде препознаена како клучна институција во развојот на културата во својот град.
“Наградата “13 Ноември” силно ја валидира нашата работа и секако нашата меѓународна позиција како важен чинител во домашната и европска сцена. МКЦ со нескриена гордост ја прими ова награда, најважна за нас, бидејќи го сакаме градот и се што правиме е во насока да овозможиме да се развива и негува живата култура. Клучот на Градот доаѓа во вистински момент за нас, за нашата публика, во моменти кога ни е потребен малку ветер во нашите едра”- изјави Ванчо Богоев, директор на институцијата кој повеќе од 35 години е дел од МКЦ.




