Настани
16. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023
Од 27 до 29 април, на Малата сцена на Македонскиот народен театар, ќе се одржи 16. по ред Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023.
На овогодишното издание на фестивалот ќе видиме три претстави од различни жанрови и од различни земји. На отворањето на фестивалот на 27 април, ќе настапи гостинот од Швајцарија, Дамир Дантес со 90-минутната пантомима, „Страдањата на Исус“, претстава која како тема ги зема најважните случувања од животот на Исус, а сето тоа преточено преку јазикот на пантомимата. Патување 2000 години назад во минатото, моќно, поетско, драматично, трогателно.
