Настани
„Патот на Кобра до ѕвездите“: Свечена промоција на документарецот за Дарко Панчев
Универзитетот Скопје ги собра фудбалските ѕвезди од регионот на промоцијата на документарен филм за македонската легенда Дарко Панчев.
Емоции, подароци, спомени од времињата кога еден од најдобрите напаѓачи во поранешна Југославија, своевремно и „Златна копачка на Европа“, Дарко Панчев, ја освои и европската клупска круна со Црвена звезда.
Универзитетoт Скопје, главен покровител на документарниот филм, ги собра најголемите балкански фудбалски ѕвезди на едно место.







