Промо
„Мајка“ на Теона Митевска оди во 15 земји – светска премиера во Венеција!
Филмот „Мајка“, најновото дело на режисерката Теона Стругар Митевска, доби меѓународна дистрибуција во 15 земји пред својата светска премиера на престижниот Венециски филмски фестивал. Европската кино-дистрибуција започнува на 3 декември.
Оваа македонска продукција, инспирирана од духовниот и човечкиот пат на Мајка Тереза, ќе го отвори натпреварувачкиот програмски сегмент „Хоризонти“ на 82. издание на фестивалот во Венеција.
Продуцентката Лабина Митевска истакна дека „Мајка“ се снимаше на три континенти и претставува еден од најамбициозните проекти на македонската кинематографија. Филмот не е биографија, туку интимна драма за седум клучни дена од животот на младата Тереза, пред нејзиниот духовен повик да стане мисија.




