Настани
5 дена ПИВОЛЕНД 2022: Повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, забава и среќно Скопје
Скопјани како големи љубители на добра забава и квалитетно пиво, се подготвени да постават нов пивски рекорд на Пиволенд 2022. Оваа манифестација по пауза од 5 години повторно се враќа пред скопската публика, со програма која ветува добра забава со повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети кои ќе овозможат уште едно незаборавно издание на Пиволенд.
На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage“ и „Craft stage“. На „Main stage“ ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека „Craft stage“ ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.








