Настани
Женското трио „Фрајле“ со голем концерт во Хераклеа
Концертната сезона во Битола годинава започна со концертите на „Црвена јабука“ и „Рибља чорба“ за кои се бараа влезници плус, а деновиве крајот на концертната сезона во Битола ќе го означи концертот на женското трио од Нови Сад „Фрајле“.
Концертот е закажан на 6-ти септември, вторник, во Хераклеа, Битолa, a „Фрајле“ ќе се претстават со музика полна со добри вибрации за сите генерации.
-Со цел на што поразлична и поширока публика да и пружиме музички задоволства оваа сезона, се одлучивме да ги донесеме навистина квалитетните, интересните и секогаш возбудливите „Фрајле“. Сите оние кои барем еднаш одгледале нивни настап, знаат добро каква енергија и какво музичко доживување ги очекува – велат организаторите.





