Настани
Балетскиот спектакл „Есмералда“ на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари
Ремек-делото на класичниот балет „Есмералда“ од Чезаре Пуњи ќе биде изведено на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари во 20:00 часот.
Приказната инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ на Виктор Иго ќе оживее под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан (Ерменија), со кореографија на Михаил Крапивин (Русија). Импресивната сценографија и костимографија се дело на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.
Главните улоги ќе ги толкуваат Христина Наќевска Митрашиновиќ (Есмералда), Франциско Хименес Руиз (Феб) и Наташа Трендафилова Гицев (Флер де Лис), заедно со првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.



