Настани
Битола Отворен Град е фестивал кој е повеќе од уметност
Кажи ДА за Битола за отворен град од 3-ти до 5-ти септември по 19 пат ќе се одржува фестивалот Битола Отворен Град, на кој ќе има разни изложби, промоции и концерти на македонски уметници.
„За сите Вас, Битола отворен град ќе трае само неколку денови, а за нас во МКЦ Битола, Битола отворен град трае цела година. Радост е да се мотивираат луѓето кои сакаат музика, уметност и воопшто култура да се активираат во фестивал кој според нас е општествен процес. Процес во кој на симболичен начин поврзуваме различни генерации кои поминале и креативни, но и бавни години во општествени промени на ова тло, а годинава и месеци во изолација, но никогаш не ги напуштила желбата за култура и уметност”, вели Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.
Битола отворен град е културолошка појава, промовирање на напредни идеи за позитивни општествени вредности, укажувајќи на важни теми, така што сите оние кои сакаат квалитетна уметност, кои сакаат да бидат опкружени со луѓе со слични сфаќања на животот, сакаат и уметност која се создава надвор од секојдневието.




