Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Andrew Meller дел од Intermezzo Music Rituals

Настани

Andrew Meller дел од Intermezzo Music Rituals

Andrew Meller дел од Intermezzo Music Rituals

Андрија Антиќ ака Andrew Meller е еден од најдобрите продуценти на електронска музика од соседството, а колку неговата музика е посебна и зошто е едно од водечките имиња домашната публика ќе има можност да чуе вечерва. Мелер гостува во Скопје како дел од Intermezzo Music Rituals забавите кои дефинитивно стануваат култни.

Музичката сцена ја размрдува уште од 2009 година, а вели дека она што го добил од својата работа, а што е негова најголема сатисфакција, е купот насмеани луѓе, заради што срцето му е полно. Вели, бавењето со овој вид музика и клупската сцена се сегмент во кој е тешко човек да плива, а диџеите ретко добиваат шанса некој да ги слушне. Човекот кој вечерва ќе застане зад пултот во првиот музички бар кај нас вели дека музиката за миксовите ја сложува директно од главата и според луѓето – Подеми, падови и моменти без постојано грување.

А за тоа кој најмногу му влијаел музички вели: „Во електрониката ме уфрли братучед ми, кога бев мал, а низ кариерата ѕвезди водилки ми се Карл Кокс и Свен Ват.“

Уникатен е не само по својата музика, туку и по тоа што и во својата професија наоѓа инспирација за музика. Веќе девет години работи во ТЕ Костолац В, а штом му се укаже прилика станува Andrew Meller, еден од водечките диџеи во регионот. Работи во смени, па според нив и ги вклопува настапите.

– Подеднакво сум и посветен и на работата која ја работам и на хобито. Во светот на електронската музика наоѓам голема сатисфакција, пред се, во размената на енергија со луѓето кои реагираат на мојата музика. Термоелектраната за мене е ризница на разни звукови, кои ги слушам низ погонот, па ги претворам во музика. Низ работата сум дошол до разни идеи, неколку пати сум носел снимач на звук за да снимам посебни звуци кои потоа ги уфрлив во софтвер, ги обработив и направи што ново што е најважно – поинакво. Експериментирањето и еклектиката даваат автентичен израз на мојата музика, вели Мелер, диџејот кој во 2018 ја оживеа легендарната Insomnia на Фејтлес и се издигна на самиот врв на официјалната Beatport листа.

Има настапувано рамо до рамо со светските музички ѕвезди, а како артист е омилен на подиумите ширум светот и диџеите како Carl Cox, Nicole Moudaber, Paco Osuna & Nakadia кои обожаваат да ги вртат неговите хитови. Godfather’s Dance, Space Invaders Remix-ot, The Morning After и синглот Bee го воздигнаа Andrew Miller обезбедувајки му место да настапува рамо до рамо со Solomun, Boris Brejcha и Hot Since 82 .

Артистот чии настапи се следени од повеќе од 10000 луѓе вечерва гостува во Intermezzo Music Bar. Не пропуштајте ја оваа забава, а бројот на посетители е ограничен и согласно здравствените протоколи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.