Викенд на гордоста во Скопје од 2-8 септември на три локации во главниот град
Од 2-8 септември во Скопје, ќе се одржи осмиот по ред Викенд на гордоста Скопје. Како што информираат организараторите овој настан ќе се одржи на три локаци, почнувајќи од Музејот на современа уметност, КОМИТЕТ и кафе барот Шортбас.
– Викендот на гордоста Скопје е фестивал за квир култура, уметност и теорија чијашто цел е да создаде простор за презентирање и промовирање на ненормативните форми на светообразување или, со други зборови, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитети обележани од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст, како квир, ексцентрични и неуспешни, велат од Коалицијата МАРГИНИ, кој заедно со ЛГБТИ Центарот за поддршка го организираат овој настан.
Основната кураторска тема на овогодишното издание на Фестивалот е Суров оптимизам, со што му оддаваме почит на делото на Лорен Берлан за суров оптимизам (2011). Воедно, организаторите посочуваат дека ќе ги истражаат и проблематизираат современите општествени, културни и политички состојби преку овој концепт како критичка алатка.




