БОРА ЃОРГЕВИЌ: „Сѐ е во ред – едвај чекаме утре да дојдеме во Скопје“
Велат добрите вести брзо се шират, лошите уште побрзо, но по се изгледа дека лажните вести, најбрзо се шират!
Вечерва во повеќе медиуми беа објавени информации дека фронтменот на „Рибља Чорба”, Бора Ѓоргевиќ бил итно хоспитализиран,
Тој, преку фан страната на Авалон продукција, упати поздрав до македонските обожаватели, испраќајќи порака дека се е во ред, и лична покана на дружење утревечер во 21 часот на двочасовен рокенрол!




