Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Денови на вашето милениче денеска во Градски парк, утре во ЗОО Скопје

Настани

Денови на вашето милениче денеска во Градски парк, утре во ЗОО Скопје

Денови на вашето милениче денеска во Градски парк, утре во ЗОО Скопје

Традиционалниот културно-забавен настан “Денови на вашето милениче” се одбележува денеска и ќе трае до утре. Настанот започнува денеска од 11 часот во Градски парк поточно во паркот за миленици, а утре во Зоолошка градина и е организиран од здружението ИВСА-Скопје во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, поддржано од Град Скопје.

– Ги покануваме сите љубители на милениците да земат учество на настанот денеска, сабота во Градски парк од 11 до 16 часот, како и утре, недела, од 11 до 16 часот во ЗОО Скопје. Ние како организација промовираме одговорно сопствеништво со тоа што го едуцираме здравјето на милениците, комплексноста на потребите на животните и нивното здравје и благосостојба, како и поврзаноста на здравјето на животните со здравјето на луѓето., вели Неда Кузмановска, претседателка на ИВСА-Скопје.

Утре, недела од 11 часот ќе се одржат предавања од проф. д-р Јована Стефановска – Паразити кај домашните пратеници, проф. д-р Пламен Тројачанец – Кастрација и стерилизација на домашните миленици, проф. д-р Влатко Илиески – Благосостојба на животните, едукативно шоу со Војо Иванов – Херпетологија/терариум и поважни болести, како и Здружението Еко-Свест – Климатски промени.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.