Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Демант од Зоолошката градина: Не угинале 40 животни, туку 25 во три години

Актуелно

Демант од Зоолошката градина: Не угинале 40 животни, туку 25 во три години

Зоолошката градина во Скопје остро ги демантира дезинформациите што кружат во јавноста, според кои биле прикриени угинувања на повеќе од 40 животни. Од установата истакнуваат дека официјалните податоци покажуваат значително поинаква слика.

Според нивната евиденција, во 2023 година биле родени 40, а угинале 10 животни, додека во 2024 година биле родени 33, а угинале 15 животни. Вкупно, во последните три години биле родени 73 животни, а угинале 25, при што најголем дел од угинатите биле во поодмината старост.

„Нашите зоонегуватели со посветеност и љубов се грижат за сите 646 животни од 91 различен вид кои моментално живеат во Зоолошката градина. Работиме транспарентно и одговорно, а секоја евиденција за животните е јасна и достапна“, стои во соопштението.

Маркетинг

Од установата потенцираат дека, како и во други институции каде што се згрижуваат животни или луѓе, не е вообичаена практика јавно да се известува за секој смртен случај, бидејќи тоа би можело непотребно да ја вознемири јавноста, особено децата, кои се редовни посетители на градината.

Во насока на поголема транспарентност, Зоолошката градина упати отворен повик до советниците на Град Скопје, медиумите, институциите и здруженијата да ја посетат градината со претходна најава. Посетителите ќе имаат можност директно да се уверат во условите во кои живеат животните, начинот на нивната нега и официјалната документација што ја води установата.

Од Зоолошката градина Скопје апелираат да се престане со ширење непроверени информации, со кои, како што велат, се создава непотребна вознемиреност во јавноста.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.